拿什么消除游客“差评”?——江苏旅游业调查
![]() | Оваа стати?а можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википеди?а. Ве молиме подобрете ?а оваа стати?а ако можете. |

Имунолошкиот систем претставува збир од органи, ткива и жлезди што го штитат телото од ту?и супстанци. Во овие супстанци спа?аат бактерии, вируси и други паразити и патогени што предизвикуваат зараза. Обично имунолошкиот систем е многу делотворен во одбраната на телото, но понекогаш можат да се случат грешки, што може да доведе до тешки последици. Резултатот може да е алергиска реакци?а со различна сериозност.
Начело на де?ствува?е
[уреди | уреди извор]Човечкото тело е посто?ано нападнато од патогени или паразити. Имунолошкиот систем го штити човекот од овие супстанци на два начина: конкретно и неконкретно. Неконкретната одбрана, ко?а ги вклучува кожата и мукозните мембрани, служи како прва одбранбена лини?а за спречува?е од навлегува?е на патогени во телото. Конкретната одбрана се пушта тогаш кога микроорганизмите ?е ги поминат неконкретните препреки и ?е извршат упад во организмот.
За да имунолошкиот систем работи нормално, мора да се случат две работи: прво, телото мора да препознае дека е нападнато, било од патогени или токсини. Второ, имуниот одговор мора да се поттикне брзо, пред ту?ите супстанци да уништат многу телесни клетки. За да имунолошкиот систем одговори успешно, неколку услови мораат да бидат исполнети, вклучува??и ги и правилните заемоде?ства на неконкретната и конкретната одбрана. Неконкретната одбрана на кожата не го утврдува антигенот што го напа?а организмот. Обично неконкретната одбрана делотворно ги уништува микроорганизмите, но доколку таа се покаже како неуспешна и микроорганизмите навлезат во телото, тогаш конкретната одбрана влегува во де?ство. Таа работи со открива?е на антигенот и негово уништува?е.
Главен комплекс на хистокомпатибилност
[уреди | уреди извор]Клеточната мембрана на секо?а клетка поседува различни белковини што заедно се познати како главен комплекс на хистокомпатибилност или ГКХ. ГКХ е неко? вид на влезна шифра, биде??и сите клетки во телото мораат да имаат еднаков ГХК, така што телото ?е може да ги утврди тие клетки како свои. Ту? микроорганизам, како бактери?а, нема ист ГХК, па така имунолошкиот систем го предупредува организмот дека е нападнат од ту?а честичка.
Секо? поединец има негов или не?зин единствен ГКХ, и одговорот на имунолошкиот систем на ту? ГКХ може да претставува проблем при трансплантаци?ата на органи.
Општ план на градба
[уреди | уреди извор]Органите во состав на имунолошкиот систем се лимфните садови, лимфните ?азли, кра?ници, тимусот, Пе?еровата дамка и слезината. Секо? од овие органи или ги произведува клетките што учествуваат во имуниот одговор или служат како место за имуната работа. Лимфоцитите, вид на леукоцити, се концентрирани во лимфните ?азли, кои претставуваат маса на ткиво што де?ствуваат како филтри за крвта на различни местоположби во телото, но на?многу ги има на вратот, мишките и на слабините. Како што лимфата (леукоцити и плазма) се филтрира низ лимфните ?азли, ту?ите тела се откриваат и уништуваат.
Кра?ниците, сместени во заднината на гркланот и под ?азикот, содржат голем бро? на лимфоцити и ги филтрираат можните штетни бактерии што можат да влезат преку носот и устата. Пе?еровите дамки, расштркани низ дебелото црево и апендиксот, се лимфни ткива што ?а имаат истата работа во дигестивниот систем. Градната жлезда, сместена во горниот дел од градниот кош, е друго место каде се произведуваат лимфоцити, иако таа е активна само за време на детството. Градната жлезда продолжува да расте с? до пубертетот, заштитува??и го детето низ пресвртните години од раниот развиток, но во адолесценци?ата таа атрофира (заостанува во разво?) дури до исчезнува?е.
Коскената срж, меко ткиво во срцевината на коските, е главен произведувач на лимфоцити и други состо?ки на крвта (види хемопоеза) како што се еритроцитите. Слезината, покра? тоа што произведува лимфоцити, служи и како сад за крвта и ги уништува дотра?аните еритроцити.
|